Еден од најдобрите македонски кошаркари Владо Илиевски спортската кариера ќе ја продолжи како претседател на клубот во Словенија „Илирија“. Илиевски, кој живее во Љубљана, ќе стане прв човек на тимот кој минатата сезона испадна од првата лига.
Тој доаѓа во клубт по заминувањето на сега веќе поранешниот претседател и тренер Саша Дончиќ, татко на Лука Дончиќ. Илиевски вели дека „Илирија“ е клуб во кој имал можност да тренира, но не и да настапи на официјални натпревари. Сега ќе се обиде да го врати во најквалитетната лига.
Владо Илиевски ќе стане запаметен по сензационалната тројка против Литванија, на Европското првенство во 2011 година. Благодарение на Илиевски, Македонија тоа првенство успеа да обезбеди победа над домаќинот и да се пласира во полуфиналето. Македонија на крајот на првенството заврши на четвртото место.