Поранешниот пејач Дарко Илиевски, кој пред две недели стана татко, објави прва слика од синот. „Дами и господа, ви го претставувам идниот претседател на Америка“, напиша пејачот и откри дека бебето се вика Матео Ноа. Ова е прво дете на Дарко и неговата сопруга Ивана. Двојката се венча 2016 година, а една година потоа Дарко се пресели на Флорида, каде што Ивана живее долги години.
Фото: Инстаграм