(Видео) Диносауруси живеат на планина во Венецуела, тврдат теоретичари на заговор

Длабоко во прашумите на Венецуела се издига високата планина Рораима во која се верува дека живеат праисториски животни. Поради непристапноста на теренот, оваа планина  не е целосно истражена, а дел од теоретичарите на заговор веруваат дека на ова место живеат диносауруси.

Пределот е недостапен поради стрмните и високи карпи. Еден од ретките кои успеале да се искачат на планината Рораима, 2734 метри надморска височина, е авторот на книгата „Изгубениот свет“, Артур Конан Дојл. Во неговата новела група истражувачи таму наоѓаат диносауруси.

Научниците веруваат дека овие планини постоеле уште во периодот кога Јужна Америка била поврзана со Африка, кога постоел суперконтинентот Гондвана, и дека се формирани од пред 400 до 250 милиони години. Овдешната флора и фауна прикажуваат фантастична органска илустрација на еволуцијата, пишува Ancient Origins.

Се претпоставува дека тука има најмалку половина од околу 10.000 билни видови, а новите видови допрва треба да се откријат, велат научниците. Од оваа планина фасциниран бил и британскиот ботаничар Еверард Им Турн, кој во 1884 година успеал да се искачи на врвот.

„Никој од нас кои го следевме патот на Турн не забележа праисториски суштества, но теренот е тежок, па истражен е само делот по кој тој се движеше. Тоа е приближно 44 квадратни километри“, вели германскиот истражувач Ув Џорџ.

Од тогаш е истражен поголем дел од подрачјето, но не се пронајдени траги од диносауруси. Сепак, научниците велат дека на ова место живеат црни жаби и пајаци кои ги нема на ниту едно друго место во светот. Планината Рораим отсекогаш била привлечна за авантуристите, а оние малкумина кои успелае да ја искачат велат дека врвот изгледал како изгубен остров меѓу облаците.

 

Scroll to Top