Актерот Хоакин Феникс импровизирал за време на снимањето на филмот „Џокер“, откриваат продуцентите. Актерот се занел за време на снимањето и сакал да го даде својот максимум додека го глумел ликот на Џокер.
„Во некои сцени самиот одлучи што ќе прави. Некои детали беа испланирани. Таков е случајот со телефонската говорница или кога Финкс се симнува по скалите. Другите се снимени непланирано. Сцената кога влегува во фрижидер на почетокот ни беше нејасна. Не знаевме што имаше смислено. Наместивме две камери, а Феникс размислуваше што прави човек кој пати од несоница. Сите го гледавме и ни беше чудно. Но, беше и забавно да го гледаме како влегува во фрижидерот“, вели еден од продуцентите.
Тие објаснуваат дека идентична работа се случила повеќе пати, затоа што Феникс сакал да експериментира. Сцената во која Артур пука во ѕидот е исто така испланирана, велат продуцентите.
„Сите знаевме дека во еден момент тој ќе пукаше со пиштолот. Но, кога почна камерата да снима, Феникс стана и почна да игра и да зборува самиот со себе. Не изненади. Не сакавме да прекинеме со снимањето и го оставивме да продолжи со тоа што го замислил“, изјавиле продуцентите.