Група поранешни офицери од американското воздухопловство тврдат дека вонземјаните го имаат под контрола нуклеарното оружје во САД и дека секој момент тие можат да предизвикаат војна на Земјата.
Групата американски офицери веќе повеќе од 10 години објавува извештаи за НЛО барајќи владата на САД да ја објави вистината за вонземјаните.
Еден од активистите тврди дека вонземјаните можат да го исклучат американското нуклеарно оружје со цел да демонстрираат колку се надмоќни над луѓето, пренесува „Дејли стар“.
Стефан Басет е основач на Истражувачката група за парадигма. Тој тврди дека неколку сведоци сведочеле за неидентификувани воздушни објекти, манипулирајќи со американското нуклеарно оружје, кое со леснотија можеле да го вклучат и исклучат. Басет исто така објасни дека тие не претставуваат никаква закана за човештвото.
„Тоа не беше закана, туку порака до нас дека нуклеарните оружје кои ги поседуваме се бескорисни, во случај на некаков конфликт со нив. Како да сакаат да ни порачаат дека сè е бескорисно“, објаснува Басет.
Ова не е првпат некој висок американски офицер да тврди дека вонземјаните можат да ни го контролираат нуклеарното оружје и да покажат интерес за американските воени бази. Поранешниот поручник на американското воздухопловство Боб Џејкобс во 2008 година, во емисијата на Лари Кинг во живо на Си-ен-ен изјавил дека НЛО може да ги активира американските ракетни системи во пет воздухопловни бази во пет различни држави. Џејкобс исто така дополни дека американската влада ги крие овие информации од американската јавност.
Боб Салас, поранешен капетан на американските воздухопловни сили, и Боб Џемисон, поранешен офицер, изнеле сензационални тврдења дека за време на ракетните проби во 1967 година, необична светлина ги онеспособила боевите глави. Поради инцидентот заведен под ознаката Malmstrom AFB NLO, овие ракети привремено биле неупотребливи.
„Воздухопловните сили тоа го истражуваат тајно, верувам уште од 1972 година. Мислам дека таа светлина не е создадена од човекот. Можеби истата испраќа сигнали до секоја од нашите ракети посебно. Опремата за наведување и контрола целосно беше неупотреблива“, изјавил Салас.
Надредените, како што вели Салас, од него барале да потпише документи за чување тајна со што тој се обврзал дека никогаш нема да зборува за овој инцидент.
Боб Џејкобс, поранешен офицер за инструментално опремување на американското воздухопловство, тврдел дека на снимката што ја направил во 1954 година, во воздухопловната база Ванденберг, јасно може да се види присуство на НЛО, но дека оваа снимка била запленета од страна на агенти на ЦИА.
Стефан Басет за „Дејли стар“ претходно изјавил дека американската влада ги принудила луѓето во НАСА да го исклучат директниот пренос од Меѓународната вселенска станица, во моментот кога било забележано НЛО. Басет, кој долго време ја води кампањата во која се бара од владата да го прекине своето наводно ембарго за вистината за постоењето на вонземјани, тврди дека на вселенската агенција ѝ се врзани рацете кога е во прашање објавувањето на вистината за НЛО.