Свиња го нападна грчкиот новинар Лазос Манитикос додека известуваше од поплавеното подрчаје недалеку од Атина. Таа влезе во кадарот и почна да го гриза Манитикос.
Животното за кое се верува дека побегнало од некоја фарма во близина, прво почна да му ги мириса нозете на Манитикос, а потоа почна да го брка и гризе. Минитикос безуспешно се обидуваше да ја отргне од себе.
Настанот се случил додека Манитикос известувал во живо за емисијата „Добро утро Грчка“, а неговите колеги во студиото не можеле, а да не се насмеат кога виделе кога свињата почна да го брка Манитикос.
Откако новинарот не можеше да се ослободи од свињата, организаторите мораа да го прекинат јавувањето во живо.