СЗО предупредува на болест што може да уништи половина светска популација

Светската здравствена организацја СЗО предупредува на болест која многу брзо може да се рашири низ светот и да убие половина од светската популација. Тие предупредуваат на маларија, болест од која секоја година заболуваат милиони луѓе и од чии последици животот го загубиле околу 400.000, главно деца од Африка.

Причина за ваквата црна статистика, според соопштението на Светската здравствена организација, е тоа што борбата против оваа инфекција е во застој. СЗО предупреди дека средствата што се собираат против оваа болест, од која на секои две минути умира по едно дете, не се доволни. Половина од популацијата е под ризик да се зарази.

Светската здравствена организација ги повика сите држави донатори и влади на земјите што се најмногу погодени од оваа болест, која се пренесува преку комарци, да ја засилат борбата против истата.

„Светот покажа дека напредокот може да биде ефикасен. Но, напредокот е значајно забавен“, изјавил експерт од СЗО, Педро Алонсо, за маларијата.

Тој во својата изјава обелоденил податоци од СЗО, според кои, бројот на заболени од маларија од 239 милиони во 2010 година паднал на 214 милиони во 2015 година.

Бројот на смртни случаи од 607.000 во 2010 годин, паднал на 500 илјади во 2019 година, додал Алонсо.

 

Scroll to Top