По интервјуто во кое го обвини американскиот милијардер Џефри Епстајн за сексуално злоставување, Вирџинија Робертс вели дека се плаши за својот живот. Таа открила дека добила застрашувачка порака на „Твитер“.
Триесетгодишната Вирџинија која сега го користи презимето Џуфри и која тврдеше дека американскиот инвестиционен банкар и милионер Џефри Епстајн сексуално ја злоставувал и ја нудел на неговите пријатели, сега се плаши за нејзиниот живот и вели дека постојат многу луѓе кои сакаат да ја замолчат.
„Ако нешто ми се случи, поради моето семејство, да не им дозволите тоа да мине неказнето. Помогнете ми да ги заштитам и нив. Има премногу злобни луѓе на светот кои сакаат да ме замолчат“, напишала Вирџинија на „Твитер“.
Епстај почина во притвор, додека го чекаше судењето во САД, а по направената официјална обдукција, заклучено е дека тој се обесил. Во јавноста излегоа голем број на теории на заговор за неговата смрт, а тврдењата на угледниот паталог Мајкл Баден, се дека станува збор за убиство.
Вирџинија Џуфри неодамна на „Би-Би-Си“, говореше за злостаувањето на кое била изложена. Таа тврди дека принцот Ендру три пати сексуално ја искористил. Еднаш во станот на Епстајн во ЊУјорк, еднаш на јахта на Карибите и еднаш во Лондон, во куќата на Гилен Максвел, поранешната „мадам“ на Епстајн.
Опишувајќи ја првата средба со принцот Ендру во Лондон, таа изјавила дека била однесена во ноќниот клуб на Доналд Трамо, каде како што рекла, му танцувала на британскиот принц.
Откако го напуштиле клубот, Глен наводно и рекла дека мора да направи нешто со Ендру, што претходно го правела и со Џефри.
„Ми падна мачно. Не очекував нешто такво од член на кралското британско семејство. Не очекував такво нешто од човек кого луѓето го сметаа за пример и на кого му се восхитуваа“, изјавила Вирџинија.