Голем број Британци на вчерашните вонредни пратенички избори, стигнале со нивните домашни миленици, кучиња, мачки, а некои од нив дошле и со коњите. Премиерот Борис Џонсон на гласањето го понел своето куче, а на „Твитер“ објавил фотографија со коментар „Кучињата на гласачите места“.
Една Британка му коментирала дека потребно е овој ден политиката да биде заборавена и сите да бидат активни на „Твитер“. Британските избори за првпат од 1974 година се одржуваат во есен. Домашните миленици ги чекаа своите стопани пред гласачките места, а затоа што беше врнежливо, поголем дел од нив биле облечени во елеци.
Градоначалникот на Лондон Садик Кан, на гласањето стигнал со кучето Луна, а кандидатот на Либерално демократската партија Ед Дејви, се појавил со своето морско прасе.
Некои од британските гласачи на југот од земјата, стигнале со своите коњи, кои ги врзале пред гласачките места. Некои гласачи за британските медиуми велат дека забележале и луѓе кои стигнале на елени.