Ако изумрат инсектите ќе настане еколошки хаос, предвидуваат научниците

Непрофитната организација за заштита на животната средина Earthwatch ги прогласи пчелите за најважни живи суштества на планетата. Од таму велат дека ако Земјата остане без три вида на инсекти, ќе настане целосен еколошки хаос. Од организацијата предвидуваат дека во следните неколку децении ќе исчезнат 40% од инсектите.

Тоа целосно би го променило нашиот начин на живот. Освен што произведуваат мед, тие се главни опрашувачи на билниот свет и камен теленик на природните ресурси кои овозможуваат создавање на семиња кај билките. Без пчелите, производството на земјоделските култури би се намалило за неверојатно 30%, а би исчезнале 90% од овој вид на цвеќиња.

Инаку пчелите се клучни во одржувањето на безбедноста на човечката исхрана и биолошката разноликост, популацијата на овие инсекти е опадната за 30% во последната деценија, а во некои земји е блиску до изумирање. Меѓу главните причини за исчезнување на инсектите се климатските промени и големата употреба на хемиските средства во земјоделството.

Бубашвабите се инесекти кои сите ги мразат. Освен што изгледаат одвратно, тие се преносители на бактерии и предизвикуваат алергии и оставаат измет на местата каде поминуваат. Сепак научниците проценуваат ека луѓето ги нервираат само 20 вида инсекти од 3500 видови колку што постојат на планетата.

 

Далеку од градовите, инсектите се извор на храна за малите цицачи, птиците и влекачи. Со тоа тие трошат материи кои се распаѓаат во природата, а изметот кој го оставаат е полн со кислород, клучниот елемент за раст на билките. Без овие инсекти, би се создала нерамнотежа во екосистемот, како и животинскиот, така и во билниот свет.

Мувите се инсекти кои знаат да бидат здодевни кога е во прашање човекот. Тие се поврзани исклучиво со нечистотијата, пренесување на болестите и непријатното зуење. Но, мувите имаат и позитивна улога за која речиси никој не говори, а која го олеснува нашиот опстанок на Земјата.

Кога мувите ќе исчезнат, елиминацијата на разни органски отпади останува само на бактриите и габите, а процесот би траел многу подолго. Освен што се неопходен фактор за рециклажа на разни видови отпад, некои видови муви се и активни запрашувачи на билките.

Цератопогонидите се важни запрашувачи на тропските култури, како што е примерот со какаото, од што се прави чоколадата. Ова се само три инсекти кои ги знаеме и без кои оваа планета повеќе не би била онаква каква што ја познаваме. Многу инсекти кои никогаш ги немаме видено, работат во наша корист.

Scroll to Top