Германецот Алојз Ирлмајер, по Нострадамус и баба Ванѓа е третиот човек кој е познат по неговите точни прогнози за иднината. За него се збори дека е човекот кој го предвидел конфликтот меѓу САД и Иран и дека во неговите визии го видел почетокот на Третата светска војна.
„Одмаздата брзо ќе стигне преку големите води. Војната ќе дојде преку ноќ, без предупредување. Гледам три броја“, изјавил тогаш Ирлмајер.
Од моментот кога иранските проектили полетаа кон американската воена база Ал-Аса во Ирка, во ноќта меѓу вторникот и средата, многумина стравуваат од почеток на Третата светска војна. Воениот комплекс е сместен во провинцијата Анбар, а била погодена од најмалку десет ракети.
Американски „Пентагон“ го потврдил овој напад. Околу 2 часот по централноевропско време Иран го лансирал и вториот ракетен бран, насочен кон американските бази во регионот.
Децениските закани и тензии на Блискиот исток кулминираа оваа недела. Од страв од нуклеарна војна, многумина се потсетија на пророштвата на Нострадамус и баба Ванѓа за почетокот на крајот. Алојз исто како нив во 1950 година зборувал кога и како ќе почне Третата светска војна.
Според неговите тогашни предвидувања, Третата светска војна е неизбежна и ќе се води на Медитеранот и Блискиот исток, а тоа подрачје ќе биде место каде големите сили ќе ги кршат копјата. Алојз предвидел дека војната ќе почне со убиство на позната личност на Балканот.
„Сите ќе повикуваат на мир. Оддеднаш ќе дојде до војна на Блискиот исток која со време ќе се засилува. Големите поморски сили ќе се соочат со непријателите на Медитеранот, а ситуацијата постојано ќе биде напната. Одмаздата брзо ќе стигне преку големите води. Но, жолтиот змеј ќе изврши инвазија на Аљаска и на Канада истовремено, но нема далеку да стигне. Кога златниот град ќе биде уништен, тогаш ќе почне војната“, предвидел Алојз.
Алојз во своите визии видел три броја 889
„Годината по војната ќе биде плодна и богата. Војната ќе дојде без предупредувања преку ноќ. Гледам прашина. Гледам три броја. Две осмици и деветка. Не знам што тие значат и не го знам датумот и времето кога тоа ќе се случи“, тврдел Ирлмајер.
Толкувања за 2020 година
Уште поинтересни се толкувањата и неговите предвидувања за 2020 година. Алојз Ирлмајер во своите визии видел дека Третата светска војна ќе почне на некаква мировна конференција на Балканот, на која ќе биде убиен висок политичар. Тој тогаш предвидел дека САД ќе ѝ објави војна на Русија, а руските сили ќе ја нападнат западна Европа без никакво претходно предупредување. Беспилотни летала ќе фрлаат бактериолошко-хемиски ракетен агенс и светската војна би однела повеќе животи од двете претходни војни. Алојз исто така ги предупредил луѓето на 72 часовна темина. Ги советувал да не излегуваат од куќите, да ги покријат прозорите и да ја држат храната во затворени кутии.
Алојз предвидел дека големата војна ќе трае кратко време. Кој ќе ја преживее, потоа ќе има мирен и среќен живот. Дали третата светска ќе поне во 2020 година, се прашваат многумина. Како треба да се толкуваат ваквите негови визии? Многу прашања без сигурен одоговр. Баварскиот пророк не дал точно датуми за крајното сценарио.
Неизвесно е дали неговите визии се однесуваат на 2020 година. Неговите следбеници сакаат да го одредат датумот за почетокот на Третата светска војна. Видовитиот Германец кажал дека големата војна ќе почне со две осмици и ќе заврши со три деветки. Тоа значи дека таа може да трае три дена, три недели или три месеци. Првично се претпоставувало дека војната може да се одвива од 18. август 2019 година до 9. септември 2019 година.
Алојз ги предвидел нередите во Париз и мобилните телефони
Посебно интересен е текстот кој се осврнувал на идните настани во Париз.
„Прво градот со железна кула ќе биде запален од бунтот на младите. Иако другите пророци предвиделе дека Париз ќе гори, само Ирлмајер предвидел дека овој настан ќе биде поврзан со бунтот на младите. Така и започна во 2005 година, кога тинејџерите во Париз запалиле повеќе од 4000 возила.
Друго предвидување датира од 1945 година. Документ говори за авиони без пилоти кои летаат во пустинскиот регион. „На песокот на африканските пустини, ќе летаат големи птици без луѓе“, изјавил Алојз.
Неговите следбеници нагласуваат дека го употребил зборот беспилотни летала.
Ирлмајер наводно ги предвидел и мобилните телефони. Неговите зборови биле дека видел луѓе кои зборуваат на кутија со цигари. Наводно Ирлмајер ја предвидел и неговата смрт во јули 1959 година.
„Сега можам да одам, драго ми е што нема да го доживеам она што го видов во моите визии“, изјавил Ирлмајер.