Форензичарот, патолог и доктор Мајкл Бејден тврди дека Џефри Епстајн, милијардерот и педофил, најверојатно е убиен и дека тој не се обесил во неговата ќелија во затворот на Менхетен.
60 Minutes reviewed hundreds of graphic photographs from the autopsy of Jeffrey Epstein and inside his cell. Here are the known facts. **This video contains graphic images that some viewers may find disturbing.**https://t.co/oVeiCRd8A6 pic.twitter.com/QOwq8Eqiah
— 60 Minutes (@60Minutes) January 6, 2020
Докторот Бејден бил еден од патолозите кои го прегледале неговото тело. Тој тврди дека за време на прегледот е установено дека му пукнале капиларите во очите, што укажува на тоа дека Епстајн најверојатно бил задавен со раце. Тој во шоу-програмата „Доктор Оз“, покажал и неколку фотографии од обдукцијата.
Смртта на Епстјан предизвика лавина на теории на заговор дека тој бил убиен. Епстајн бил близок со голем број влијателни луѓе, меѓу кои и Доналд Трамп, Бил Клинтон и британскиот принц Ендру.
„Многу е необично причината за смртта да не биде утврдена, а потоа да биде заведено дека се обесил. Во овој случај има премногу непознати. Пукнатите капилари во очите укажуваат на гушење, а не на бесење. Ако личноста се обеси, нејзините нозе ќе помодрат затоа што крвта се враќа во екстремитетите“, изјавил тој.
Телото на Епстајн било најдено во ќелијата на 10. август и според официјалната верзија, тој се обесил во креветот на кат, користејќи чаршав.