Парис Хилтон би можела да стане мајка, Линдѕи Лохан ќе ја погоди голем скандал, а Џенифер Анистон ќе влезе во нова врска. Ова се прогнозите на младиот холивудски астролог и пророк Николас Аџула, кој досега има погодено голем број светски настани, меѓу кои и пожарот на Нотр Дам во Париз и скандалот на канадскиот премиер Џастин Трудо.
Триесет и четиригодишниот Николас вели дека визиите ги добива во сонот, а некои му доаѓаат и за време на прошетките.
„Соништата се најинтезивни и тоа во моментите кога интиуитивниот дел од мозокот има голема активност“, изјавил Ајула.
Оваа способност, младиот Николас вели дека ја открил како дете, веднаш откако починал татко му. Тогаш сватил дека има изразена интуиција. Тој верува дека во минатиот живот бил лав и египетска кралица.
„Имав илјадници минати животи. Бев слуга, учител за врме на Француската револуција, срна, лав, а живеев и сам во друга вселена“, вели тој.
Досега успеал да предвиди низа настани кои во текот на години се случија, а меѓу нив се и земјотресите во Кина и Куба, пожарот во Франција, скандалот меѓу Џастин Бибер и Тејлор Свифт и многу други.
За 2020 година, Николас предвидува дека низ светот ќе настанат големи протести и дека Доналд Трамп ќе биде поразен, но нема да се повлече тивко. За ѕвездите од шоубизнисот предвидувањата се поинакви.
„Парис Хилтон би можела да стане мајка. Линдѕи Лохан ќе биде погодена од голем скандал, а Џениер Анистон ќе везе во нова, многу важна врска“, изјавил Николас и додал дека една млада пејачка би можела да загине, а нејзината смрт ќе биде поврзана со алкохолот и дрогата.