Бугарија веројатно ќе протера двајца руски дипломати, кои се обвинети за шпионирање, изјавила денес министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.
„Добивме писмо од обвинителите со обвинувања. Ќе превземеме акција која сме обврзани да ја превземеме и веројатно ќе ги прогласиме за ‘персона нон грата’“, изјавила Захариева.
Таа објаснила дека поради тоа ќе го повика и рускиот амбасадор. Обвинителите денес соопштија дека Русите биле вмешани во шпионажа, но дека поради дипломатскиот имунитет нема никаква можност да им се суди.