Бред Пит се пошегува на сметка на Хари и Анџелина Џоли

Бред Пит на доделувањето на „БАФТА“ наградите се пошегува на сметка на кралското семејство и Велика Британија. Глумецот ја освои наградата за најдобра споредна улога во филмот на Тарантино „Беше еднаш во холивуд“, но од оправдани прични бил спречен да присуствува на настанот. Неговата порака ја прочита глумицата Марго Роби.

„Еј Британија, слушам дека повторно си „сингл“. Добре дојде во клубот, ти ја посакувам целата среќа при поделувањето на имотот“, го прочита Марго писмото на Бред, кое се однесуваше на Брегзит и неговиот развод со Анџелина Џоли.

Бред Пит во писмото објасни дека е возбуден поради наградата која ќе ја однесе во Америка, осврнувајќи се на принцот Хари кој го напушти кралското семејство, за да почне свој живот со сопругата Меган Маркл во Канада.

„Оваа награда ќе ја наречам Хари. Возбуден сум што ќе се врати во Америка со мене“, напишал Пит во писмото. 

Постариот брат на Хари, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, од публиката го следеа говорот. Иако изгледале како да се смеат, многумина на социјалнтие мрежи коментираат дека шегите на глумецот на сметка на кралското семејство не им биле смешни.

 

Scroll to Top