Поранешната советска тајна служба КГБ, за време на Студената војна, им бил зад пети на највисоките членови на НАТО и го држел во страв, целиот Блиски исток. Но, од стите извршени операции, три се истакнуваат.
Операција „Тукан“
КГБ во периодот на седумдесетите години од минатиот век, бил толку моќен, што своите цели ги постигнувал користејќи ги водечките медиуми на западниот свет. Така на пимер како една од своите алатки го користеле весникот „Њујорк Тајмс“, за време на операцијата „Тукан“.
Оваа заедничка операција на советските и кубанските специјални служби е покрената во 1976 година. Целта им била, во светот да се дискредитира чилеанскиот лидер Агусто Пиноче, заколнатиот непријател на комунизмот.
„Њујорк тајмс“ објавил 66 текста посветени на кршењето на човековите права во Чиле. Од друга страна, имало помалку од десетина текстови посветени на слични проблеми во Камбоџа и на Куба.
Покрај тоа, КГБ ја исфабрикувал „преписката“ меѓу Агусто Пиноче и шефот на Управата на националната известувачка служба на Чиле (ДИНА), Мануел Контрерас, пренесува Russia Beyond. Во неа детално е опишан планот на неутрализираните противниците на владиниот режим кои емигрирале во различни земји.
Американските новинари ги проверувале овие писма и му задале дополнителен удар на латиноамериканскиот дикгатор.
Операција РЈАН
Ова била најголемата и најсложена известувачка операција во советската историја. РЈАН било скратеница за „ракетно-нуклеарен напад“. Операцијата во 1981 година ја спровеле службите на КГБ (Комитетот на државна безбедност) и ГРУ (Главната известувачка управа).
Целта на РЈАН, било будно да се следат подготовките на САД за нуклеарен напад врз СССР и да се избере правилна стратегија на спротивставување, во моментите на таков напад. Советското раководство почнало да стравува од сличен таков напад брзо по доаѓањето на власт на огнениот антикомунист Роналд Реган, кој ја заостри американската политика кон Советскиот Сојуз.
Во рамките на операцијата наеднаш пораснале активностите на советските агенти, надвор од границите на Источниот блок. Биле следени луѓе кои имале овластување да наредат почеток на ракетен нуклеарен напад, кои биле одговорни за лансирање на балистички и крстаречки ракети, како и вискои функционери во раководството на воздухопловните членки на НАТО. Покрај тоа, создадена била цела мрежа на „спијачи“, таканаречени тајни агенти, чија задача била да делуваат во случај на нуклеарна војна.
Ваквата скапа операција е откажана во 1984 година, по смртта на нејзините иницијатори, генералниот секретар на Централниот комитет на КPSS, Јуриј Андропов и министерот за одбрана Дмитри Устинов.
КГБ против Хезболах
Припадниците на Хезболах на 30 септември 1985 година, пред амбасадата на СССР во Бејрут, киднапирале четири советски дипломати, од кои двајца работеле за КГБ. Киднаперите побарале сириските трупи да се откажат од акцијата „чистење“ на северен Либам кој ја подготвил Хазеф Асад.
Киднаперите убиле еден од заложниците за да покажат дека се сериозни. Москва извршила притисок на Асад и операцијата е откажана. Но, Хезболах не брзал да се ослободи од советските граѓани, па изнел и нови барања.
Раководството на КГБ, почнало да бара други решенија за овој проблем. Советските известувачи ги дознале имињата на клучните киднапери и локацијата на која ги држат дипломатите. Но, брзо се откажале од идејата да извршат напад врз зградата, затоа што таквата кација би можела да подигне голема и непотребна прашина во јавноста.
Проблемот бил решен благодарение на случајни околности. Еден од киднаперите и братот на вториот киднапер загинале во престрелката со либанските војници. Советскиот Сојуз не бил вмешан во овој настан, но почнале да кружат гласини дека Русите без голема врева во јавноста, се пресметале со киднаперите.
КГБ одлучил да ја искористи шансата, па својот агент во Либа, Јуриј Перфилјев, бил испратен да се состане со основачот и духовниот лидер Хезболах ајатолах Фадлалах. Тој љубезно го дочекал советскиот офицер, но во разговорот ги прекинал сите обиди за решавање на проблемот со заложниците.
Тогаш Перфилјев кажал нешто за кое не добил овластување да го каже од своите раководители. Изјавил дека резиденцијата ајатолах Хомеиниј, во Кума, се наоѓа во близина на советската граница. При некаква техничка грешка или дефект, за време на воените вежби, тој предупредил дека можно е некоја од ракетите сосема случајно да долета до Кума. Ваквата закана вродила со плод. Фадлалах некое време молчел, но потоа се согласил да ги ослободи заложниците. Тие биле слободни по два дена.