Македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев вечерва ужива во концертот на хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ.
Тој е во друштво на своја добра пријателка, па заедно ги пееја хитовите на далматинската ѕвезда.
Васил пред еден месец беше избран за македонски евровизиски претставник. Денес беше објавено дека на Евровизија во Холандија ќе ја пее песната “Ти”.