Фронтменот на составот “Суперхикс“, Петар Младеновски заедно со бендот неодамна ја промовираа новата песна „Ана“. Интересно е тоа што во видеото, тој и челановите од бендот, глумат сека се восочни фигури, а се се врти околу љубовта кон една Ана. Освен што откри детали поврзани со песната и видеото, Пеце прозборе и за болката после смртта на неговиот брат кој го изгубил пред околу 12 години.
„Времето не лечи ништо, тоа е лага. Во една прилика изјавив дека музиката ми помага полесно да ја надминам тагата, и навистина е така. Брат ми почина од канцер, од тогаш сум бил дел од многу акции поврзани со кревање на свеста за оваа болест, бев дел и од кампањата на „Борка“. Таков е животот, мораш да научиш да живееш со загубите, рече Пеце во “Бекстејџ“. Тој е во брак со актерката Ели Кличаровска -Младеновска и ги имаат децата Никола и Маша.