Правениот тим на Џулијан Асанж денес соошти дека сите новинари ќе трпат последици, ако нивниот клиент биде испорачан во Америка. Тие велат дека ќе се обидат да побараат азил за основачот на „Викиликс“ во Франија. Асанж се соочува со обвинение за шпионирање, а судењето треба да почне следната недела во Лондон.
„Сметаме дека ситуацијата е доволно сериозна и наша должност е да разговараме за тоа со претседателот Емануел Макрон“, изјавил угледниот француски адвокат Ерик Дипон Морети, пренесува агенцијата Асошиетед Прес.
Морети е еден од адвокатите кои на конференцијата за новинари во Париз објасниле зошто сметаат дека случајот против Асанж е неоправдан, споменувајќи го неговото лошо здравје и тврдејќи дека во затворот во Лондон му се нарушени неговите права.
Тие исто така предупредиле дека сите новинари ќе трпат последици, доколку Асанж биде испорачан и затоврен во САД. Француските членови на тимот изјавиле дека работат на конкретното барање на Макрон да го одобри азилот на Асанж во Франција, каде тој има и деца. Балтасар Гарсон, шпанскиот координатор од тимот на Асанж, повтори дека американскиот претседател Доналд Трамп, односно неговата администрација, му понудила на неговиот клиент целосно помилување. Наводниот услов за тоа било Асанж да прифати да каже дека Русија не била вмешана во објавувањето на мејловите на Демократскио национален комитет кој „Викиликс“ ги објави за време на изборната кампања во САД во 2016 година. Белата куќа одлучно ги негирала ваквите тврдења.
Асанж поминал седум години во амбасадата на Еквадор во Лондон, пред да биде испорачан во април 2019 година, а потоа британската полиција го уапсила поради кауција. Во ноември, Шведска се откажала од истрагата за сексуалните напади врз две жени, затоа што минало многу време, пренесува Асошиетед Прес.