Македонската пејачка Елена Миленковска од „Гранд“ вечерва прави свадба со пејачот Александар Маринковиќ – Гуте. Двојката неодамна направи мала свадба во Србија, во Српски Милетиќ, од каде што е Гуте. А, вечерва се игра и се пее во Скопје, во хотелот „Континентал“.
Откако ги истераа сите адети, сосе земање на невестата од дома, и венчавка во црква, веселбата продолжи сосе сите познати македонски песни. Сите се на нозе. Се игра и се пее.
Од „Качи се моме на коња“, па дури уште десет македонски песни кои Гуте специјалнио ги учел за свадбата вечерва. Има и десет натпреварувачи од „Гранд’“, кои се гости на свадбата и кои направиле топ атмосвера, а и пејачката Снежа е исто така „градовка“, па направила џумбуш за младите. Освен македонски се пејат и српски песни.
За потсетување, Александар и Елена неодамна открија дека ќе станат родители и дека го чекаат првото бебе. Тие се запознаа лани во шоуто „Ѕвездите на Гранд“, а се верија по пет месеци врска. Гуте ја побарал Елена за жена на нејзиниот 26. роденден, а во изненадувањето му помогнале нивните пријатели од „Гранд“.