Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски – Иџе, утрово во Нант се дружеше со ракометниот капитен Кире Лазаров. Популарните спортисти испија кафе во градот каде што Кире живее од 2017 година, а сликите од дружбата Иџе ги објави на социјалните мрежи.
„По вчерашното тестирање и големото дерби, на убаво утринско кафе во Франција“, напиша Иџе.
Автомобилскиот шампион неколку дена е во Франција, каде што имаше тестови за Наскар. Кире, пак, со својот клуб „Нант“, вчеравечер играше натпревар против „ПСЖ“, а мечот заврши реми, 29-29.