(Фото) Внуката на Наум Петрески наполни една година

Внуката на фолк-пејачот Наум Петрески, Андреа, наполни 1 година. Дека денес ќе слави роденден, откри нејзиниот татко, пејачот Владимир Поповски, кој е оженет со Анастасија Петреска. „Си летна една година. 05.03.2019“, напиша тој на „Фејсбук“.

„Среќен роденден џиџе“, „Те сакаме убавице“, се дел од коментарите што ги оставија пријателите на Владимир и Анастасија под сликата.

Пејачот на „Биоритам“ и ќерката на Наум се венчаа лани во јануари, а свадба правеа два месеца откако се роди нивната ќерка. Тогаш во ист ден тие и се венчаа во црква и направија крштевка за Андреа. Инаку, по раѓањето на ќерката, Анастасија направи пауза од музиката, но од неодамна и таа и Владимир постојано настапуваат во ресторани и кафеани низ Македонија.

Фото: Фејсбук

Scroll to Top