Доктор Чарлс Либер, професор од Харвард, е уапсен вчера поради економска шпионажа и кражба на територијата на САД, пренесоа американските медиуми. Но, теоретичарите на заговор веруваат дека Либер е тој што го произвел и ѝ го продал коронавирусот на Кина. Ова засега не е потврдено од американските федерални власти.
60-годишниот Либер, кој е раководител на Одделот за хемија и биологија на универзитетот Харвард, имал своја лабораторија и на универзитетот во Вухан. Тој наводно добил околу 1,5 милиони долари од кинеските власти за да ја создаде лабораторијата во универзитетот во Вухан. Либер заработувал по 50.000 долари месечно, а му биле платени и дополнителни 158.000 долари за животни трошоци.
За сето тоа време, тој бил активен професор на Харвард и добивал грантови за истражување од американската влада и лекарска асоцијација.
USA just discovered the man who manufactured and sold the #coronavirus to #China. Dr #CharlesLieber, head of the chemistry and biology department at #HarvardUniversity, USA. He was just arrested today according to American department sources. pic.twitter.com/RkZ8Qh5SI3
— John B Wells 11:11 (@JohnBWellsCTM) April 4, 2020