Глумицата Нина Деан стана мајка

Глумицата Нина Деан денеска стана мајка. Таа роди син кој ќе се вика Каи. Дека Нина се породила прва објави нејзината мајка, танчерката Гордана Деан Поп Христова. Таа на „Фејсбук“ напиша дека е горда баба и дека оддалеку ги бакува сите, бидејќи веќе неколку години живее на Еквадор.

„Се роди Каи. Баба од далеку ги бацува и гушка Нина, Мартин и Каи, мили тие“, вели познатата танчерка и кореографка.

Нина пред неколку месеци објави дека е бремена. Ова е нејзино прво дете со Мартин, со кого е долго во врска. Нивната приказна, почнала пред 14 години кога прв пат се сретнале. Таа љубов кратко траела. Поминале години по разделбата откако повторно се сретнале, и од тогаш почнала љубовната приказна.

„Пресреќна сум. Никогаш не било вака и сигурна сум дека Мартин се појави за да го исцртаме и затвориме кругот. Не се двоиме, се смеееме, се сакаме, едноставно знаеме дека сме еден за друг и тука нема некоја философија. Среќата не одбра нас а и ние неа. Бебето само е потврда дека нештата се таму каде што им е местото“, рече тогаш Нина.

Scroll to Top