Францускиот милијардер и сопственик на новинската куќа „Монд“, Хавиер Нил, изјавил дека во текот на осумдесетите години, работел за известувачка служба и дека го шпионирал тогашниот француски претседател, Франсоа Митеран, како и високи претставници од компанијата „Рено“.
Нил е телекомуникационен тајкун, еден од најбогатите луѓе во Франција. Тој раскажа во една телевизиска емисија, дека ги хакирал голем број на мобилни телефони и дека меѓу нив бил и телефонот на тогашниот претседател Митеран, пишува „Гардијан“.
Тој потврдил дека уште како тинејџер работел за Министерството за внатрешни работи, кое го привело заради тогаш релативно нови техники, хакирање на податоци.
„За мене пишувале весниците во 1986 година, затоа што ги хакиав податоците од мобилните телефони во Франција, вклучувајќи го и тој на претседателот Митеран“, признал Нил и додал дека уште на 17 години, го напуштил школото и се занимавал со нелегални бизниси.
Откако со неговото друштво провалил во телевизиската мрежа на „Канал плус“, со намера илегално да ги препродава кодовите, тој бил повикан во полиција на сослушување.
„Ми кажаа дека тоа е сјајно, дека не е сериозен злостор и дека тоа е интересно“, изјавил Нил и додал дека му предложиле, заедно со другите негови пријатели, да хакираат чувствителни информации и да им ги доставуваат.
„Не бев во тајната служба. Бев во, не знам како тоа да го наречам, некој вид на хонорарен агент“, објаснил Нил.
Овој педесетгодишен милијардер, богатството го стекнал нудејќи содржини за возрасни на француски, заканувајќи се преку интернет. Повеќето порнографски сајтови ги продал во 1997 година, а задржал само два, еден со седиште во Стразбур и друг во Париз.
Уапсен е во 2004 година, под обвинение дека профитот го стекнал од порнографија и поради затајување на данок. Бил осуден со парична казна од 250.000 евра и условна казна на две години.
Нил подоцна станал еден од сопствениците на телекомуникациски провајдери, а неговото богатство сега се процценува на повеќе од осум милијарди евра. „Монд“ го купил во 2010 година.