Со сини балони на кои пишува „Добре дојде Јаков“, бебето на глумицата Јелена Јованова-Периќ стигна дома. Таа објави фотографија на Инстаграм, велејќи дека сега е среќна и посилна од сè .
„Низ секојдневните предизвици, добри и лоши, преку земјотрес и пандемијата со коронавирусот – ние сме дома, а јас дури и посилна, по сè ова. Ви благодарам на сите за убавите желби, мисли и поддршка“, вели Јелена Јованова -Периќ.
Таа пред неколку дена се породи во болницата во Загреб по природен пат. Актерката се породи во време на пандемијата со коронавирусот, а кога беше во осмиот месец од бременоста дополнителен стрес ѝ беше земјотресот во Загреб. „Фала богу живи сме, сè ова ќе помине“, изјави Јелена тогаш за Репортер.мк
Таа и глумецот Стјепан Периќ се неколку години во брак, а се запознаа на снимањето на хрватската серија „Тајни“, која се снимаше во Загреб.
А. Георгиев