Поранешниот новинар, а сега кандидат за пратеник Сафет Бишевац, е позитивен на Ковид-19. Бишевац објави на „Фејсбук“ дека е позитивен на вирусот и покрај тоа што максимално ги почитувал препораките за заштита.
„Почитувани пријатели, тестирањето покажа дека сум позитивен на КОВИД-19. За жал, нештата понекогаш се случуваат и покрај макесималното можно почитување на препораките за заштита“, објавил Бишевац.
Тој додава дека засега се чувствува одлично, како и дека нема никаков проблем, но заедно со семејството во наредниот период ќе остане во изолација и ќе биде под надзор на матичниот лекар.