Началникот на Централната команда на Вооружените сили на САД, генерал Кенет Макензи, ги негира пишувањата на „Њујорк тајмс“ за наводен заговор направен од страна на Русите и припадниците на талибанското движење.
Тој изјавил дека во соопштението што го добил од националната известувачка служба нема доволно докази за такво нешто.
Тој објаснува дека информациите кои ги добил од известувачките служби не буле убедливи и немале доволно докази за да може да се покрене постапка на суд.
„Сметам дека ова е многу алармантно прашање, но, едноставно, во соопштението што го добив не најдов причинско-последична врска“, изјавил началникот.
Тој вели дека информациите не биле потврдени, а според неговите зборови, тие не биле доволни за да се нареди детаљна проверка.
Мекензи нагласил дека не добил доволно информации за влијанието на Москва врз ситуацијата во Авганистан. Тој исто така напоменал дека со оглед на тоа што талибанците во последните неколку години активно ги напаѓале американските војници, Пентагон не го променил пристапот во осигурување на безбедноста на своите вработени на територијата на Авганистан.
Весникот тврдел дека таквите налози на американските известувачки служби биле претставени пред американскиот претседател Доналд Трамп пред неколку месеци, а Советот за национална безбедност во Белата куќа расправал по ова прашање на крајот на март.