Мајк Тајсон по 15 години најде противник, борбата е закажана на отворено море

Легендарниот боксер Мајк Тајсон (54) пронајде ривал за борба по цели 15 години и тоа не било каков, туку ајкула. Тој со ајкула ќе се бори на отворено море.

Екс-светскиот шампион во супертешка категорија ќе се бори со едно од најопасните, најбрзи и најсилни животни во морскиот свет.

Се разбира, се работи за симулација на „Discovery Channel“, во „Неделата на ајкулата“.

Тој, според информациите ќе се бори со ајкулата под вода, а нагласено е дека ниту една ајкула не била повредена во текот на снимањето.

Епизодата од борбата се очекува да се емитува на 9 идниот месец.

 

Scroll to Top