Ракометарот Столе Стоилов денес се ожени со својата девојка Деница. Двојката чека принова, а веста дека ќе станат родители ја објавија зимата во февруари. Столе и Деница, која е уметница, планираа голема свадба, но поради пандемијата со коронавирусот, свадбената веселба беше одложена. Денес направија само мала забава за најблиските и семејството. Двојката претходно склучи граѓански брак.
Столе и Деница пред да се земат беа во љубовна врска една година.