Поранешната хрватска претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, се најде во центарот на вниманието, особено по новата објавена фотографија од мундијалот во Русија во 2018 година, на која таа изгледа како да го допира францускиот претседател Емануел Макрон на незгодно место.
Таа беше главна по завршувањето на натпреварот меѓу Франција и Хрватска.
Понесена од еуфоријата и успехот на нејзината репрезентација, второто место на „коцкестите“ на Светското фудбалско првенство, таа почна да ги прегрнува сите, од играчите, селекторот, колегите политичари, а особено внимание привлече моментот со Емануел Макрон.
Многумина, по тој настан, ја критикуваа поради нејзиното однесување. Фудбалската репрезентација на Хрватска направи неверојатен успех на тоа првенство. Успеа да стигне дури до финалето, каде што беше поразена од Франција со 4:2.