Директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции (RDIF), Кирил Дмитриев, вели дека успеале да создадат лек против коронавирусот и дека тој веќе се користи во 15 земји. Постојат практично само два антивирални препарата, американскиот „ремдесивир“ и рускиот „авифавир“.
„Деведесет проценти од препаратот ‘ремдесивир’ го купиле САД. Затоа не се чудиме дека само 15 земји го купиле нашиот лек“, вели Дмитриев.
Меѓу земјите што го користат рускиот лек се и Латинска Америка и Јужна Африка. Руските здравствени институции на крајот на мај дале дозвола за промет на препаратот „фавипиравир“. Го развиле Рускиот фонд за директни инвестиции и фирмата „Химар“ во рускиот град Химки.
Рецептурата се заснова на истоимениот јапонски противвирусен лек за грип, кој се продава до името „авиган“. Во Русија, како што вели Дмитриев, за време на средбата со претседателот Владимир Путин, јапонскиот лек е благо модификуван.
Рускиот пациенти заразени од Ковид 19 го добиле препаратот првпат во јуни. Тој е во продажба со името „авифавир“. „Фавипиравир“ или „авиган“ во Јапонија се употребува од 2014 година како средство против грип, со извесни ограничувања.
Подготовката на лекот е дозволен кај новите видови вируси или кога другите лекови не го покажуваат дејството. Лекот е замислен како крајно средство.
Според извештаите на западните медиуми, процедурата на одобрување на лекот била тешка и траела три години. Тоа било поради аномалиите што биле забележани кај бебињата пациенти, кои претходно го зеле овој лек. Поради тоа, употребата на лекот е забранета кај трудниците и маките што дојат.
„Фавипиравир“ го блокира размножувањето на повеќе видови вируси. Применуван е и за лечење зарази со вирусот ебола. Медицинските експерти сметаат дека се работи за јапонска верзија на „ремдесивир“, лек регистриран во Соединетите Американски Држави, развиен за сузбивање на вирусот ебола.
Од него се очекува многу во борбата против коронавирусот. Лекот не бил пуштен во слободна продажба, туку бил како резервно средство на државите за борба против евентуална пандемија.
Од февруари 2020 година се применува во јапонските клиники за лечење пациенти заразени со коронавирус. Јапонските медиуми наведуваат дека лекот добро дејствува кај пациентите што имаат поблага клиничка слика, но и дека во тешките случаи едвај има некакво дејство.
Јапонија не е единствената земја во која „авиган“ се користи во борба против коронавирусот. Во комбинација со други препарати го користат уште 40 земји, вклучувајќи ја и Германија. Германското Министерство за здравство соопштило дека се купени 260.000 таблети.
Тие се поделени на клиниките за случај ако дојде до втор бран на пандемијата. „Фавипиравир“ се произведува и во Кина и е вклуен во клиничките студии за короната. Германски вирусолог од берлинската клиника „Шарита“ укажува на тоа дека на тамошните пациенти им е дадена енормна концентрација на супстанции и предупреди на непосакувани дејства во врска со бубрезите.
Затоа, според него, долгорочната употреба е спорна. „Фавипиравир“ е ветувачки лек против Ковид-19 и е споредлив со „ремдесивир“, смета Хелмут Хан, претседател на германско-рускиот Форум „Кох-Мечников“.
„Добро е што постои таков препарат, но според нашите критериуми, не постои формален доказ за неговата ефикасност.
Според Хан, ваков лек не може да се воведе во употреба во Германија затоа што не постојат обемни клинички испитувачки дејства, но вели дека е разбирливо што Русија ова средство веќе им го дава на голем број пациенти.
Тој смета дека таквата пракса е последица на големиот проблем што Русија го има со короната. Освен тоа, во Русија, т.е. нејзините прописи што ја регулираат контролата на лекови, не се толку строги како во Германија.
„Тоа значи дека овој или оној лек е подобар“, вели Хан.
Герд Глеске од Универзитетот „Бремен“ смета дека „фавипиравир“ е опција која е споредлива со „ремдесивир“ и која би можела во најмала рака да го ублажи текот на болеста. А што се однесува до руските модификации на лекот, Глеске советува внимателно да се проучи придружното упатство за примена.
Руското Министерство за здравство во својата дозвола за примена на лекот говори за „препарат со директно антивирално дејство“.
На интернет-страницата на рускиот Државен регистар на лекови се говори за антивирално средство, кое смее да се употребува само во болниците. Лекот потпаѓа под правило на регистирање и документирање, а мора да се достави и извештај за клиничкото истражување, кое мора да се спроведе за време на подготовката како лек против Ковид-19.