Сателитски снимки направени над нуклеарните постројки во Северна Кореја, открија огромна зголемена активност, а следствено на тоа и страв дека лидерот во оваа земја Ким Џонг-ун, наредил поставување на нуклеарните боеви глави на интерконтиненталните балистички ракети.
Новите сателитски снимки, покажуваат зголемено нуклеарно оружје, што предизвика страв на глобално ниво, кај голем број политички моќници. По се изгледа дека Ким во последните неколку месеци, ја зголеми нуклеарната енергија во оваа земја, покажуваат пишуваат светските медиуми.
Новата снимка доаѓа откако во понеделникот, доверлив извештај во Обединетите Нации, откри дека неколку неименувани земји, се согласуваат дека Северна Кореја, веројатно развила минијатурни нуклеарни уреди, за да ги вклопи во боевите глави на своите балистички ракети.
Новинските агенции „Ројтерс“ и „ДПА“ наведуваат дека извештајот е доставен до 15-члениот Совет за безбедност на ОН на 3 август.
Во извештајот се оценува дека Северна Кореја продолжува да ја развива својата нуклеарна програма, вклучително и производство на високо збогатен ураниум и изградба на експериментален реактор со лесна вода.
Сателитските снимки се направени во Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS). Фотографиите укажуваат на способноста на Северна Кореја да ја развива својата програма на нуклеарно оружје, тврдат аналитичарите.
Висок советник и претставник на Кореја во CSIS, Виктор Ча, објаснил дека снимките покажуваат дека погонот во Пјонгјанг е прилично активен и дека секојдневно расте.
„Во главниот погон, некои од најзначајните активности се подигање и изградба на нови објекти и замена на пропаднатите и стари кровови“, вели Ча.
Тој вели дека меѓу најистакнатите активности кои ги забележале се ширењето на рудниците за отпадоци. Тоа останува откако ќе ја извлечете рудата која во себе содржи ураниум, објаснува Ча.
CSIS experts @VictorDCha and Joseph Bermudez Jr. identify notable activity at a North Korean uranium plant—a sign that nuclear fuel production has not slowed.
Don’t miss the latest High Resolution video: https://t.co/NR98ewznFO pic.twitter.com/5ROTRMgtJZ
— CSIS (@CSIS) August 6, 2020
„Тешко е да се одреди, на основа на активностите во обој објект, со колкаво нуклеарно оружје, располага Северна Кореја“, вели Ча.
„Тоа што го знаеме кога ќе ја погледнеме оваа постројка, е дека за таквите реактори и понатаму се произведува нуклеарно гориво, што само значи ека имаат капацитет да ги прошират своите нуклеарни бомби“, вели Ча.
Доверливиот изветашј од ОН, сугерира дека Северна Кореја еќе има моќ да ји погоди САД со нуклеарно оружје.
Главните американски градови се наоѓаат во дометунуклеарниот арсенал во Пјонгјанг и покрај напорите на администрацијата на Доналд Трамп, да го денуклеаризира корејскиот полуостров.