Претседателот на Либан не ја исклучува можноста дека експлозијата во Бејрут е последица на ракетен напад

Претседателот на Либан, Мишел Аун, не ја исклучува можноста, дека експлозијата која се случи изминатата недела во Бејрут, е последица на ракетен напад.

Тој изјавил дека истрагата треба да покаже и утврди дали таа е предизвикана од невнимание, несреќа или можно надворешно делување.

Мишел во петокот на локалните медиуми изјавил дека причината засега не е утврдена. Постои можност и за надворешна испалена ракета, бомба или некаков друг чин, изјавил Аун, а пренесува „Еч Арабија“.

Тој изјавил дека истрагата за експлозијата во вторникот во магацинот, во кој се наоѓал високо експлозивен материјал, води на три нивоа.

„Прво, како експлозивниот материјал влегол и бил складиран. Второ, дали експлозијата била последица на невнимание или несреќа. И трето, постои ли можност дека дошол до надворешно влијание“, изјавил

 

Scroll to Top