Ноќ за романтика со Александар и Дац на Антички

В петок, 14 август, Александар Митевски и Драган Спасов – Дац ќе одржат прв концерт на Антички театар во Охрид. На концертот, кој ќе се одржи со сите мерки за безбедност, Дац и Александар ќе ги испеат своите авторски песни, но и песните што ги преработија додека беа во карантин. Тие ветуваат многу љубов и романтика.

Публиката ќе може да ги чуе „Цреши охридски“, „Уште ми фалиш“, „Љуби ме“, „Хипноза на една љубов“, „Слика“, „Корона, чао“ и многу евергрини.

Билетите за концертот се веќе во продажба, а капацитетот на Античкиот театар ќе биде преполовен и ќе прими само 1.200 посетители. Концертот ќе почне во 22 часот.

Scroll to Top