(Видео) Руската вакцина не е ефикасна, сметаат некои од руските лекари

По кратката медиумска еуфорија, руските медиуми во петокот ги објавија резултатите од најновото социолошко истражување кое покажува дека руските лекари бараат повеќе информации за вакцината против Ковид 19, пред да почнат да им ја препорачуваат на граѓаните.

Во истражувањето учествувале повеќе од 300 лекари, од кои дури 52% од нив, се против брзањето и очекуваат повеќе податоци, додека 24% сметаат дека вакцината е безбедна, пренесува Курир.рс.

Причината за стравот кон вакцината кај дури 66% од анкетираните лекари, е недостатокот од доволно количини на информации за ефикасноста од истата. Оваа вакцина ја направија од Институтот Николај Гамалеј, а 48% од лекарите се скептични поради брзината со која е направена.

Петина од руските лекари се за тоа, со оваа вакцина да се вакцинираат сите кои сакаат.

Директорот од Институтот Николај Гамалеј, академик доктор Александар Гинзбург, смета дека истражувањето за односот на лекарите кон вакцината против Ковид 19, е поврзано со борбата со конкурентите за пласманот на вакцината на пазарот.

„Резултатите од истражувањето се објавени во „Прирачник за лекари“ и треба да се види кој го нарачал истражувањето, а тоа се компаниите кои се борат за пазарот“, порачал Гинзбург.

Тоа што вакцината е испитана на доброволци кои сакаат да ја примат вакцината, не е кршење на законот. Хелсиншката декларација, која прецизно вели како се спроведува тестирањето, вели дека вакцината може да се дава на оние кои сакаат да ја примат, ако нема доволно доброволни цивили.

Ден по регистрацијата на руската вакцина, Асоцијацијата на организација за клинички испитувања, која обединува 25 странски фармацевски компании, се обратила до руското Министерство за здравство, за да не се брза со вакцината, додека не се направат сите клинички испитувања.

Во таа асоцијалција се и компаниите „Фајзер“ и „Астра-Зенека“, кои прават свои вакцини. И нивната главна замерка е што руската вакцина е регистрирана по клиничките испитувања на само 100 луѓе.

Кирил Дмитриев, раководителот на Рускиот фонд на директни инвестиции кои ги финансирал правените вакцини, изјавил дека третата фаза на клинички испитувања ќе почне наскоро.

Тој изјавил дека се надева дека во текот на еден месец ќе бидат вакцинирани околу 10.000 доброволци.

„Вакцината е нова и го минала третиот стадиум на испитувања“, изјавил Алштејн.

„Освен тоа постои и психолошко прашање, затоа што голем број од луѓето ја имаат преболено короната во полесен облик. Таа е смртоносна за старите луѓе. Сосема би било поинаку кога од короната би умирале многу деца, а не старци. Поради тоа, многуина се убедени дека не треба да се брза со примањето на вакцината“, изјавил рускиот вирусолог.

Министерот за здравство на Русија, Михаил Мурашко, смета дека скепсата на западните колеги е без основа. Платформата за таа вакцина е добро изучена, затоа што е правена против вирусот САРС, кој е најсличен со овој вирус.

Затоа Русија можела многу брзо да направи вакцина против Ковид 19.

Западните компании тврдат дека на Русија и бил поважен престиот од безбедноста на граѓаните. Ниту една научна анализа не е објавена во првата и втората фаза на истражувањето.

Критичарите на брзото регитрирање на вакцината, како пример истакнуваат дека од пет препарати, кои се на ниво на клиничко испитување, само еден е регистриран.

Од тука може да се извлече заклучок дека кај руската вакцина не се чекало заклучок од експертите, туку веќе за нејзината регистрација одлучувал некој во кабинетот.

Извор/Курир.рс

Scroll to Top