Бил Гејтс се изјасни за задолжителната вакцинација и прогнозираше кога ќе биде крајот на пандемијата

Милијардерот и основач на копанијата „Мајкрософт“, Бил Гејтс, во интервју за „Блумберг“, објасни дека вакцината против коронавирусот би требало да биде задолжителна за луѓето кои работат во домови за стари лица или се во контакт со постари лица.

Тој вели дека е оптимист дека светот ќе свати дека теориите на заговор се само теории и дека вирусот ќе биде победен до крајот на следната година.

„Заговорниците ги извртуваат работите. Тие сметаат дека јас, затоа што сум вклучен во развојот на вакцината, наместо да давам пари за да спасам животи, заработувам со нивно одземање. Ако таквото мислење ги одврати луѓето од вакцинацијата, тогаш тоа е голем проблем“, вели Гејтс.

Гејтс се чуди на теориите на заговор кои велат деак вакцината е со цел да се контролираат човечките мозоци со помош и на 5Г технологијата и слично.

На прашањето дали делотворната вакцина ќе биде дистрибуирана низ целиот свет до крајот на 2020 година, Гејтс изјавил дека иницијалната вакцина нема да биде идеална во смисла на делотворноста против болеста и пренесувањето.

„Можеби нема да трае долго и ќе биде главно користена во богатите земји како мерка за спречување на заразата. Би биле среќни кога би имале вакцина пред крајот на годината. Но, по 2021 година вртојатно бројни вакцини ќе бидат одобрени“, вели Гејтс.

 Тој додава дека хидроксихлорокинот, лекот кој го промислила Белата куќа, на тестовите изгледа добро, но доаѓаат исто така сè повеќе добри тераписки лекови, кои докажано добро работат и немаат тешки нуспојави, пренесува „Танјуг“.

Според Гејтс, иновациите во терапиите ќе почнат да ја намалуваат стапката на смртност, но вистинскиот крај ќе дојде кога ќе се почне со ширењето на природните инфекции и кога вакцината коај ќе ни се обезбеди, ќе даде колективен имунитет.

„Во богатите земји тоа ќе се случи во текот на следната година, во идеален случај, во првата половина. До крајот на 2021 година, ќе се извлечеме од сето ова“, изјави Гејтс, прогнозирајќи дека сè ќе биде океј.

 

 

Scroll to Top