Севернокорејскиот лидер Ким Џон-ун, стравува дека би можел да ја доживее истата судбина како и лидерот на Либија, Моамер Гадафи, пишуваат светските медиуми.
Тие пренесуваат дека Американското министерство за одбрана минатиот месец објави извештај во кој е наведено дека Северна Кореја би можела да добие 100 нуклеарни парчиња оружје до крајот на оваа година.
Северна Кореја има до 60 парчиња нуклеарно оружје и 5000 тони хемиско оружје, наведува американската војска. Пресметките се направени минатиот месец во извештајот на Американското министерство за одбрана, под името севернокорејска таткика.
Во извештајот се предупредува дека режимот на Ким, може да набави 100 бомби од таквото оружје до крајот на оваа година, пренесува јужнокорејската новинска агенција „Јонхап“.
„Се проценува дека Северна Кореја има меѓу 20 до 60 бомби, со способност да произведе 6 нови направи секоја година“, е наведено во извештајот.
Северна Кореја наводно е третиот најголем сопственик на хемиски агенси, со 2500 до 5000 тони и 20 различни видови, се додава во истражувањето.
Авторите велат дека научниците на Ким работеле на вооружување со антракс и мали сипаници и истите имаат намера да ги стават на самите ракети, кои би ги користеле против Јужна Кореја или САД. Се верува дека оваа изолирана земја, исто така има војска од повеќе од 6000 хакери.
Тие делуваат во земјите како што се Кина, Индија и Русија. Во извештајот се предупредува дека можат да влезат и да ги хакираат било кои компјутери во светот.
Во него исто така е наведено дека Ким не сака да заврши како поранешниот либиски владетел Муамер Гадафи, кои беше ликвидиран од бунтовницити, по нападот на неговиот конвој од НАТО.