Ракометарите на Вардар негативни на Ковид-19

Откога капитенот на „Вардар“, Столе Стоилов, потврди дека е позитивен на Ковид-19, вчера беа тестирани сите ракометари на клубот и стручниот штаб, а нивните резултати се негативни. Ниту еден член на скопскиот клуб нема коронавирус и не чувствува никакви непријатности и симптоми, потврдија од „Вардар“.

Веста дека Столе има корона предизвика паника во клубот, кој набргу треба да игра во четврт-финалето од СЕХА-лигата против хрватски „Нексе“. Сепак, негативните резултати на ракометарите значат дека тие ќе продолжат со редовните тренинзи и дека во полн состав, освен Стоилов, ќе се појават на натпреварот.

Столе дознал дека е заразен со корона вчера кога по утринскиот тренинг, се пожалил на малаксаност и покачена температура, па веднаш бил тестиран. Иако е позитивен, Стоилов за сега нема никакви други симптоми и се чувствува добро.

Scroll to Top