Македонскиот клавијатурист Давор Јордановски објави нов албум во Канада

Македонскиот клавијатурист Давор Јорданоски, кој со години живее во Канада, го промовира новиот албум „Арбор“. Неговите песни веќе може да се слушнат на радијата во Канада и Европа.

Песните на Јордановски, со опуштена, медитативната енергија, им оддаваат почит на великаните на клавијатурите од 80-тите години на минатиот век – Вангелис и Жан Мишел Жар. Тие се спој од музиката на Истокот и Западот и ги претопуваат во себе различните култури и музика од сите краеви на светот.

Претходно, пред почетокот на светската пандемија, во март 2020 година Давор го промовира својот петти албум „Десет пурпурни ноктурна“ во замокот „Ајви“ во Торонто. Со овој албум беа закажани концерти во повеќе градови на Канада и САД, како и мини турнеја во Македонија и соседните земји, но овие настани беа заменети со онлајн-настапи и видеосоработки со музичари од целиот свет.

Албумот „Арбор“ на Давор Јордановски е достапен на сите дигитални платформи: Spotify, YouTube и Apple Music.

Scroll to Top