Биткоинот е најголемата измама во историјата на човештвото

Главниот извршен директор на нискобуџетската авиокомпанија „Рајанер“, Мајкл О’Лири, вели дека биткоинот е најголемата измама во историјата на човештвото и дека нема намера да вложи ниту еден цент во целата оваа работа.

Тој оваа прочуена криптовалута ја спореди со шемата на Понзи, која е позната како пирамидална измама, односно шема што на инвеститорите им ветува многу високи камати на заемите. Овој вид измама датира уште од 19 век, вели Мајкл.

Тој ги советува сите потенцијални штедачи да го избегнуваат биткоинот, а познато е дека прочуениот Ворен Бафет нема убаво мислење за него, иако и тоа може да се промени во иднина.

Тоа е извесно од причина што Бафет од неодамна почна да верува и во златото, кое со години не го признаваше. Сепак, корона-кризата остави силен впечаток на него.

„Никогаш, но никогаш не би вложил ниту еден цент во биткоинот за кој верувам дека е еквивалентен на шемата Понзи. Сите би ги советувал да сочуваат барем трошка здрав разум и да ја игнорираат оваа лажна приказна“, вели О’Лири.

Шефот на „Рајанер“ се осврна и на програмата Bitcoin Lifestyle, чии челници тврдат дека го добиле одобрението на О’Лири за својата промотивна кампања.

Во лажен текст тие истакнале дека првиот човек на ирската авиокомпанија за време на интервјуто во емисијата Late Late Show тој тврдел дека рапидно се збогатил преку биткоин-шемата.

Тоа, судејќи според сè, било доволно за Националната банка во Ирска да сврти телефон додека трае емисијата и наводно да спречи некои од работите да отидат во етер.

Но, постои еден проблем. Ирската национална банка не постои. Употребата на имиџот на богатите и славните луѓе за промоција на измамите со криптовалутите е многу честа тактика за стекнување кредибилитет меѓу потенцијалните инвеститори.

На почетокот на април во слична измама се нашле и поранешниот принц Хари и Меган Маркл. Во март оваа година поранешниот сопруг на пејачката Џенет Џексон, Висам ал-Ман, побарал од „Фејсбук“ да открие кој ги платил огласите на кои е прикажан тој како ја промовира криптовалутата.

 

Scroll to Top