Соседите не ги сакаат Хари и Меган во Монтесито, затоа што откако тие се преселиле, над нивниот град постојано надлетувале хеликоптери, а дошло и до голем наплив на туристи.
Тие велат дека пред Хари и Меган да се преселат во Монтесито, тие имале мирен живот. Тука живеат само богати луѓе, а местото важи за мирен кварт, кој е украсен со паркови, базени и рекреациски центри.
Соседите обвинуваат дека заедно со поранешната кралска двојка пристигнале и голем број ноинари и нивни фанови. Некогаш мирниот кварт, сега е преполн со непознати луѓе, а жителите за „ТМЗ“ велат дека Хари и Меган им предизвикале само проблеми.
„Тоа навистина фрустрира. На сите ни е нарушена приватноста. Тие уште се немаа ни преселено, кога настана општ хаос. Постојано надлетуваат хеликоптери, медиумите не запираат и ни поставуваат прашања за нив. Мислам дека е време ситуацијата да се стави под контрола“, изјавил еден револтиран жител на Монтесито, за „ТМЗ“.
Никој не сакал јавно да се претстави и да зборува против Хари и Меган. Соседите разбираат дека поради таквите проблеми и самите Хари и Меган побегнаа од Велика Бритаија во САД. Но, сеедно тие велат дека сега сакаат Хари и Меган да се преселат на некаде на друго место.