Бојан Јовановски, познат како Боки 13, синоќа е примен во Градската болница „Св. Наум Охридски“, каде што му е направена операција на желудникот. Во болница бил примен околу 19 часот, а лекарите утврдиле дека има воспаление на желудникот, па тој бил итно опериран. Според информациите од болницата, Бојан сега е во стабилна состојба.
Поранешниот сопственик на 1ТВ во болницата е пренесен од затворот во Шутка. Тој беше осуден на 9 години затвор за случајот „Рекет“.