Поранешната манекенка и бинго-девојка, Наталија Грубовиќ, направи домашна забава за третиот роденден на ќерка си Натали. Грубовиќ на „Инстаграм“ објави заедничка слика со ќерка си, со балони и роденденски капи, па се пофали дека таа пораснала.
Натали е прво дете на Наталија, која во 2016 година се омажи со бизнисменот од Нови Сад, Дрен Глушац. Таа својата бременост ја криеше од медиумите и многумина дознаа дури кога стана мајка. Некогашната манекенка се породи во приватна клиника во Скопје.