Викендов, во Кемер, Турција, се одржа изборот „Мис аура интернешнл 2020“, со учество на 40 девојки од целиот свет. Нашата преставничка Андријана Илиоска ја освои тутулата мис бикини. Победничка е претставничката на Португалија, за прва придружничка е избрана претставничката од Латвија, а втора е претставникчката на Татарстан. Изборот се одржа во хотелот „Риксос сангејт“, каде што девојките претстојуваа 15 дена. Лиценцата за Македонија за овој избор ја поседува Модното студио „Црнокрак“.