Пејачката Калиопи Букле се потсети на нејзиниот прв настап од детскиот фестивал „Златно славејче“ од 1976 година. По повод 50 години од фестивалот таа го сподели видеото од нејзиниот втор настап.
„Многу ми е жал што мојот прв настап и победа на легендарниот детски фестивал ‘Златно славејче’ со песната „Мојата учителка” веќе не постои во архивите. Тој е избришан, како и снимки на многу други фестивали од неговото основање. Штета! Затоа што тоа беше историја и нешто што е дел од богатството на оваа моја земја. Фестивалот оваа година слави 50-годишнина од постоењето. За среќа, постои оваа снимка, која е направена 9 години подоцна по мојот прв настап, кога веќе ја започнав мојата кариера со групата ‘Калиопи’. На сцената е и мојот обожаван и сакан маестро Александар Џамбазов, авторот на мојата песна и некој што ми предвиде голема иднина во музиката. Му благодарам за тоа. Исто така, благодарение на фестивалот ‘Златно славејче’,“ напиша Калиопи.
Видеото, откри таа, го направил нејзиниот братучед кој ја снимил од публиката.
„Ова е единственото нешто што останува да сведочи за мојот настап во 1976 година на фестивалот „Златно славејче“. Снимката е направена од камерата на мојот братучед од 8 мм“ – напиша Калиопи.