(Фото) Тања и Предраг слават сребрена свадба: 25 години ми го крева притисокот

Тања Кочовска и Предраг Павловски денес слават сребрена годишнина. Глумците не кријат дека се среќни и заљубени и по 25 години во брак, па Тања објави откачена слика каде што му мери притисок на нејзиниот маж. „25“ напиша таа покрај сликата на „Фејсбук“, а пријателите и обожавателите им честитаа и им посакаа вечно да се сакаат. „Предраг изгледа пола век ти го крева притисокот“, „Да си дочекате и златна свадба“, стои во коментарите.

Тања и Предраг се запознале во студентските денови, но во тој период и двајцата имале долги врски. Во 1994 година Тања почнала да работи во Театарот за деца и младинци, а по неколку месеци подоцна таму дошол и Предраг, па почнала љубовта. Двојката ја има ќерката Нела, која има 24 години и студира на Факултетот за драмски уметности. Од првиот брак со глумецот Владимир Ендровски – Љац, Тања го има синот Александар (29).

Scroll to Top