(Видео) Македонка го расплака жирито во шоуто „Малта има талент“

Деница Апостоловска од Тетово го расплака жирито на музичкото шоу „Малта има талент“ и доби пофалби за своето пеење. 32-годишната девојка свиреше на гитара, па испеа микс од неколку песни кои ѝ ги посвети на мајка си која починала пред 20 години. Таа својот настап го нарече „Разговори со мојата мајка“, па ги пееше Angels од Роби Вилијамс, Born This Way од Лејди Гага. Деница на крај испеа и традиционална малтешка песна.

„Свириш со таква страст на гитарата, многу ми се допадна тоа“, „Родена си да пееш“, беа коментарите на членовите од жирито.

Деница пет години живее на Малта. Во разговорот откри дека таму дошла да ја истражи земјата, но решила да остане да живее, бидејќи се заљубила во државата.

 

Scroll to Top