(Фото) Со секси фото Хелена се потсети на времињата кога предизвикуваше озборувања во јавноста

Со фотографија стара осум години, која е сликана во Дојран, поранешната водителка Хелена Роза се потсети на времето кога била на насловната страница на списанието „Фаци“. Таа позира во бикини, со секси тетоважата на стомакот, а фотографијата го привлече вниманието на социјалните мрежи.

„Божица“, ѝ коментираа пријателите на „Инстаграм“.

Хелена отсекогаш знаела како да го привлече вниманието на јавноста и кога беше водителка во Македонија, но и сега кога со семејството живее на Нов Зеланд. Иако ретко споделува фотографии на социјалните мрежи, нејзините пријатели и фанови знаат да ја пофалат дека секогаш била пред времето и со имиџот и со емисиите што ги водеше.

Scroll to Top