На Барселона и се заканува банкрот

На шпанскиот гигант Барселона и се заканува банкрот ако до почетокот на следната година не ја намали со 190 милиони евра сумата која ја клубот ја дава за плати, пренесуваат шпанските медиуми.

Поради кризата од пандемијата приходите на клубот се значително намалени и тоа се одрази врз финансискиот баланс во клубот. Поради тоа веќе неколку недели раководството ги моли фудбалерите да прифатат намалување на платите.

Досега повеќе играчи категорично одбиваа, но тоа може да се промени со заминувањето на претседателот Бартомеу. Голем дел од фудбалерите сакаа да го „блокираат“ него, па затоа го одбиваа предлогот.

Откако Бартомеу даде оставка многу е веројатно раководството и играчите да стигнат до споразум, а крајниот рок за тоа е 5-ти ноември.

Во спротивно шпанските медиуми тврдат дека му се заканува банкрот на каталонскиот гигант.

Scroll to Top